1002 Вулверхемптон – Брентфорд (Премиер лига, 13:30 часот)
Домашниот тим веќе неколку сезони наназад котира високо во Премиер лигата и оваа сезона сака да ја повтори истата цел. Иако пред почетокот на оваа натпреварувачка година го променија тренерот, сепак целта останува иста. Од друга страна Брентфорд влезе во најсилната англиска лига во оваа сезона, и главната цел ќе му биде опстанокот. Последен пат овие екипи се соочија во 2018 година, а триумфираа „волците“ со 3:0, во натпревар од Чемпионшип лигата.
Предлог тип: 1 (1.9)
1702 Ленс – Лил (Лига 1 Франција, 17:00 часот)
Актуелниот првак на Франција, екипата на Лил не може да ја пронајде формата од минатата сезона. На досегашните пет средби, гостите имаат само една остварена победа и се наоѓаат на 13. Позиција. Од друга страна, Ленс не знае за пораз и на исто толку меча има две победи и три ремија. Интересно е што Лил има славено над Ленс на последните четири од петте одиграни средби, а последните две ги доби убедливо со 4:0, односно 3:0.
Предлог тип: Т22+ (2.75)
1805 Келн – Лајпциг (Бундеслига Германија, 18:30 часот)
Ако некој од тимовите потполно разочара на стартот, тоа дефинитивно е тимот на Лајпциг. Со само три освоени бода по четири одиграни кола во Бундеслигата, тимот под контрола на Ред Бул, никако да ја пронајде формата од изминативе години, па затоа победа против Келн ќе биде и повеќе од добредојдена. Кога играат овие два тима, головите се задолжителни. На „покер“ средби, каде што Келн бил домаќин се постигнуваат во просек 3.5 погодоци на натпревар.
Предлог тип: Т22+ (1.63)
1007 Астон Вила – Евертон (Премиер лига Англија, 16:00 часот)
Домашниот тим важеше за едно од најголемите изненадувања во Англија во минатата сезона, но, заминувањето на главната ѕвезда, Џек Грилиш остави голем белег на тимот. Од друга страна, Евертон и покрај проблемите (отсуството на Џејмс Родригез и притворот на Гулфи Сигурдсон), има солиден старт под водство на Рафа Бенитез и во моментов е на делба на четвртото место со 10 освоени бода. Домашниот тим редовно постигнува погодоци на „Вила Парк“, а истото може да се каже и за „карамелите“ кои знаат како да играат во гости.
Предлог тип: ГГ (1.74)
3003 Интер – Болоња (Серија А Италија, 18:00)
По несреќниот пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Интер ќе се обиде да се врати на победничките патеки, а за опонент ја има Болоња. „Нероаѕурите“ имаат 13 победи по ред пред своите навивачи во рамките на италијанската Серија А лига, и се надеваат дека ќе ја продолжат оваа убава серија. Од друга страна, Болоња и не е баш убедлива на гостински терен, каде што на последни пет официјални средби, има два порази и три ремиња.
Предлог тип 1и3+ (1.94)