Време е за мајсторите за обложување што одлично го познаваат македонскиот фудбал

Пет натпревари од Првата македонска лига во деветтото коло се играат денеска, а пред паузата поради настапите на македонската репрезентација утре ќе се игра дербито меѓу Шкупи и Работнички.

Стандардно и понудата за македонското првенство во Sport Life е богата и за сите шест меча има над 500 различмни игри, што е шанса за добрите познавачи на мак-фудбалот да се направат добитни комбинации и тикети во Sport Life.

Актуелниот првак Шкендија е голем фаворит против Борец на меч што ќе се игра од 15 часот, како и останатите четири дуели денеска.

Голема битка се очекува во Автокоманда каде Академија Пандев е фаворит против Скопје, екипа што тешко губи на свој терен.

Македонија Ѓорче Петров ќе се обиде да ја скроти разиграната Ренова и да ја сопре серијата од три порази по ред.

Пелистер и Тиквеш ќе бијат голема битка за бодови што ќе значат посигурна позиција во битката за опстанок, а неизвесен меч се очекува и во Штип каде Брегалница и е домаќин на Струга Трим Лум.

За утре во истиот термин од 15 часот е закажано скопското дерби меѓу Шкупи и Работнички.

Двојки, 9. коло: Шкендија – Борец, Брегалница – Струга Трим Лум, Пелистер – Тиквеш, Скопје – А.Пандев, Македонија Ѓ.П. – Ренова, Шкупи – Работнички.

Табела: Шкупи и Ренова по 17, Работнички 15, А. Пандев 14, Струга 13, Шкендија 11, Брегалница 10, Македонија Ѓ.П. 9, Скопје 8, Борец 7, Тиквеш 5, Пелистер 3 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести