Време е за напад: Македонија со Миовски, Барди, Елмас треба да го урне „бункерот“ на Ф. Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе атакува на освојување на три бода во дуелот против Фарски Острови на гости. Нашата репрезентација ќе ја има улогата на фаворит, па очекувано е селекторот Благоја Милевски да тргне офанзивно.

Бојан Миовски, капитенот Енис Барди и Елиф Елмас треба да имаат најофанзивна улога, но секако и останатите кои ќе бидат на теренот ќе го дадат максимумот за да се стигне до посакуваната цел, а тоа е победа.

Македонија веќе 11 месеци се нема израдувано на триумф, што е уште еден мотив повеќе токму во Торсхавн да се прекине овој пост.

Фарски Острови сигурно ќе игра подефанзивно и со контранапади ќе се обиде да го загрози голот на Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести