Нема потреба да правиме некоја посебна најава за вечерашниот меч против Исланд.
Едноставно е, со победа овие златни момци ќе испишат нова историја во фудбалската страница на Македонија и ќе обезбедат пласман во баражот на Светското првество во Катар.
А таму, пак, се може да се случи. Но, да одиме натпревар по натпревар.
Исланд е далеку од наивен противник, иако во Скопје дојдоа без никаков резултатски притисок. Но, впрочем, таквите тимови се најопасни, а тоа добро го осетија и Романците пред некој ден.
Но, ние сме Македонија, а речиси 17 илјади фанови на арената „Тодор Проевски“ ќе грмнат со поддршка за овие момци кои успеаја да направат резултати на кои би им завиделе многу претходни генерации.
Благоја Милевски го знае рецептот за да се победи Исланд и сигурно ги има воочено маните на противникот, а и тоа како нашите да одиграат далеку посигурно од Рејкјавик.
Едноставно момци, само храбро вечерва а резултатот ќе дојде сам по себе.

