6009 Барселона – Шахтар (18.45 часот)
Барселона славеше во првите две кола во ЛШ и има гол-разлика 6:0, додека украинскиот тим има половичен учинок од една победа и еден пораз. Овие два тима досега одиграле седум меча меѓу себе и Барселона има четири победи, Шахтар две, а еден меч завршил без победник. Но, последен пат играле пред 12 години, а вечерва се знае кој е фаворитот. Иако настапот на Левандовски е под знак прашалник, Чави Ернандес покажа дека знае да извлече џокер од клупата, како што направи во неделата со Марк Гују, кој ја донесе победата над Атлетик Билбао. Сè освен убедлива победа на Барселона би претставувало изненадување.
Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.02)
6010 Феенорд – Лацио (18.45 часот)
Холандскиот шампион одигра одлично во првите две кола, прво го совлада Селтик со 2:0, а потоа загуби од Атлетико Мадрид со 3:2 иако двапати водеше. Лацио, пак, по ремито со Јорганџиите, во второто коло го совлада Селтик си 2:1 во Глазгов, и тоа со гол во 95-тата минута. Двата тима покажаа дека играат офанзивно, посебно тоа се однесува на Феенорд, кој пред своите гледачи ќе биде незгоден ривал за сите екипи. Минатата сезона овие два тима играа во Лигата на Европа, во Рим славеше Лацио со 4:2, додека во Ротердам во меч кој не одлучуваше ништо, Феенорд победи со 1:0. За очекување е барем во едно од двете полувремиња да биде ГГ.
Предлог тип: ГГ & прво/второ (1.97)
6012 ПСЖ – Милан (21.00 часот)
ПСЖ доживеа вистински дебакл во второто коло во ЛШ губејќи од Њукасл со 4:1, но потоа оствари две победи во Лига 1 и ја поправи атмосферата во соблекувалната. Милан пак во првите две кола двапати одигра 0:0, и тоа против Њукасл и Борусија Дортмунд. Проблем за Росонерите претставуваат и повредите на клучни играчи, како Бенасер, Калдара, Спортиело, Чуквуезе, како и на засилувањето Лофтус-Чик. Традицијата е на страната на Милан, кој нема пораз на петте меча досега. Росонерите остварија три победи и имаат две ремија, но Светците предводени од Килијан Мбапе имаат доволно квалитет за да слават на „Паркот на принцовите“.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)
6014 Јанг бојс – Манчестер с. (21.00 часот)
Европскиот шампион во првите две кола славеше со идентични 3:1 против Црвена ѕвезда и Ред Бул Лајпциг, додека швајцарскиот тим освои три бода на гостувањето во Белград. Со победата над Брајтон во саботата, Граѓаните ја прекинаа мини серијата од два порази по ред во Премиер лигата и во многу подобро расположение доаѓаат во Берн на мегдан со „младите момци“, па за очекување е да дојдат до нови три бода. Напаѓачкиот тандем Ерлинг Халанд – Хулијан Алварес, кој ги постигна двата гола против Брајтон, ќе претставува главна опасност за домашниот тим и вечерва.
Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.92)
6016 Њукасл – Борусија Д. (21.00 часот)
Њукасл се наоѓа во серија од осум меча без пораз во ЛШ и Премиер лигата и вечерва ја има фаворитската улога против Борусија Дортмунд. Чавките беа импресивни во првиот меч на „Сент Џејмс парк“ во ЛШ сезонава, го декласираа ПСЖ со 4:1, додека во првото коло одиграа без голови против Милан на „Сан Сиро“. Милионерите пак досега освоија еден бод, тој за ремито со Милан на „Сигнал Идуна парк“, а претходно загубија од ПСЖ. Њукас се наоѓа во серија од четири победи на домашен терен и интересно е што освен против Манчестер сити, на останатите мечеви постигнуваше барем еден гол во првото полувреме.
Предлог тип: 1 & 1+ пол (2.05)