Денеска и утре се играат натпреварите од четвртото коло во Првата фудбалска лига, а во фокусот ќе биде мечот меѓу поранешните шампиони Вардар и Силекс.
Вардар по враќањето во Првата лига, загуби во првите три кола, а притоа од клупата си замина Бобан Грнчаров, како и дел од управата на Црвено-црните.
Сега Вардарци со новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски и новиот тренер Александар Васоски ќе атакуваат на првата победа, а квотата во Sport Life за такво нешто е одлична и изнесува 3.55. Квотата за Силекс, кој во првите три кола има по една победа, пораз и реми, изнесува 1.93.
На останатите денешни натпревари, Шкендија е фаворит против Брегалница Штип, Македонија ЃП го пречекува Шкупи, додека Гостивар игра против Работнички.