Време е за реванш: Десеткуваниот Тотенхем гостува кај Челзи

Челзи – Тотенхем (20:45 часот)

Манчестер сити вечерва ќе го добие противникот во финалето од Лига купот на Англија – Челзи и Тотенхем се подготвени за реванш-пресметката. Резултатот по првата средба е во корист на „спарсите“, но 1-0 не ветува ништо бидејќи во 90 минути може да се случи буквално сѐ. Покетино е на голема мака, Кејн и Али ќе бидат отсутни до март, го нема ниту разиграниот Сон, па за вечерва ќе крпи состав со кој ќе се обиде да го брани минималното водство.

Тотенхем има една победа повеќе од Челзи во последните пет меѓусебни средби во сите натпреварувања, што е одлична шанса за фудбалерите на Сари да ги израмнат сметките, а воедно и да стават крај на мини-серијата порази од градскиот ривал.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.15)

 

Амиен – Лион (21 часот)

Лион второ коло во низа ќе игра во улога на гостин во Купот на Франција, а за пласман во осминафиналето ќе се бори против Амиен. На „лавовите“ многу им одговара овој противник, во историјата меѓусебно играле само шест пати и ги добиле сите шест меча. Амиен беше противник на Лион и во осминафиналето од Лига купот, меч во кој фудбалерите на Бруно Генесио славеа со 3-2.

Ништо помалку не се очекува и вечерва, Лион ќе ја продолжи традицијата, а се очекува да има и повеќе голови на средбата.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.20)

 

Реал Мадрид – Жирона (21:30 часот)

Борбата за влез во полуфиналето од Кралскиот куп за Реал Мадрид започнува од „Сантијаго Бернабеу“, што е одлична шанса да направи голем чекор кон остварување на таа цел. Избраниците на Солари полека се поправаат по слабиот старт во 2019 година, оној безначаен пораз од Леганес со 1-0 не им ја намали самодовербата да триумфираат против Севилја (2-0) во претходно коло од Ла Лига, а вечерва како апсолутни фаворити мора да одиграат на ниво против Жирона.

„Кралевите“ за првпат во ова натпреварување ќе играат против Жирона, а од вкупно три средби во шампионатот, учинокот е 2-1 во корист на Реал.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.80)

 

Кина – Иран (17 часот)

Се приближува завршницата на Азискиот куп, денес стартуваат два четврт-финални дуели, а ние ќе посветиме внимание на вториот меч меѓу Кина и Иран. Иранците се фаворити на хартија, но Кина не случајно се најде меѓу осумте најдобри селекции. Сепак, вечерва ќе треба да се надминат себеси доколку сакаат да влезат во борба за медал. Во изминатава деценија Кина само еднаш славела победа против Иран, и тоа со минимални 1-0 во пријателски меч, а денес влогот е многу поголем.

Предлог тип: X2 & 2>1 (2.30)

 

Фенербахче – Умранијеспор (18:30 часот)

„Фенерите“ вечерва се пред „поправен испит“. Второлигашот Умраније ги шокираше во првиот дуел во Турскиот куп со 1-0, па сега избраниците на Ерсун Јанал немаат друг избор, победа со два или повеќе гола или елиминација и ново посрамотување пред своите навивачи. Формата на Фенербахче од турскиот шампионат не ветува многу, но Купот им остана единствена шанса да освојат каков било трофеј сезонава.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.85)

- Оглас -

Најнови вести