Време е за Спортска прогноза и за „ајфон 11“, одиграјте го 28. коло до 15.30 часот

Со Спортска прогноза станува се повозбудливо како се ближи крајот на првенствата во Европа, а учесниците се разиграа и во последните две кола дел од нив беа многу блиску до главната награда „ајфон 11“.

Имаше погодени и 12-ки и доста добри прогнози со 11 погодоци, но целта е да се прогнозираат максимално точно сите 13 натпревари од понудата на популарната Тринаесетка за да се добие „ајфонот“.

Во тек се прогнозирањето за 28. коло, а како и секогаш има интересни парови, кои се посебен предизвик за добрите прогнозери. Официјално колото почнува во 15.30 часот со дуелот меѓу Вердер и Волфсбург во Бундеслигата и до тој термин можете да и се приклучите на армијата прогнозери во трката за вредни награди.

„Ајфон 11“ е слатката награда што треба да се освои, но има и многу други. Спорт Манија и Sport Life како организатори на бесплатната игра ги наградуваат и утките, па со еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите нба сите уплатни места во познатата обложувалница.

И со два промашени натпревари има награда и тоа ваучер од 500 денари, па вреди да се игра Спортска прогноза, без многу мака и секако што е најважно без никакви трошоци за учесниците во играта.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести