Предизвик е Спортска прогноза со најсилните првенства во Европа – Типувајте денеска до 15.30 часот

Со почетокот на дербито за втората позиција во Бундеслигата меѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд од 15.30 часот денеска завршува и можноста за учество во 30. коло на Спортска прогноза, едно од најинтересните во втората сезона.

По долг период на менито се двојки од четирите најсилни првенства во Европа, со исклучок на француското кое е во Топ-5, но е прекинато и нема да се доигра.

Затоа тука се Англичаните и Италијанците кои им се приклучија на Бундеслигата во Германија и на шпанската Ла Лига. Покрај стартниот меч во Лајпциг, што може да одлучи за вицешампионската круна во Бундеслигата има уште многу интересни дуели на менито со 13 основни двојки и два резервни пара.

Денеска има уште четири меча за прогнозирање на популарната тринаесетка, а треба точно да се погодат исходите на мечевите меѓу Атлетик Билбао и Бетис, Вест Хем и Вулверхемптон, премиерата во Серија А меѓу Торино и Парма и на уште еден англиски дуел меѓу Борнмут и Кристал Палас, за совршен старт во трката за вредни награди.

Утре во фокусот ќе биде градското дерби на „Гудисон парк“ меѓу Евертон и Ливерпул и мечот на „Аноета“ меѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид, на кој гостите со победа можат да ја сменат Барселона на лидерската позиција во Шпанија.

За наградите веќе ви е познато дека погодена тринаесетка се наградува со мобилен телефон „IPhone XS“, за еден промашен пар ви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а има и награда за две утки со ваучер од 500 денари.

Со тековното 30. коло продолжува и битката во Генерален пласман, за кој се сметаат и поените од двата резервни пара, па важно е да се погодат со точен исход и мечевите меѓу Келн и Ајнтрахт Франкфурт и Аталанта против Сасуоло.

Лидерот Христијан Т. има 198 поени и се очекува по ова коло да биде првиот учесник во нашата бесплатна игра што ќе ја мине границата од 200 поени.

Премијата во Генерален пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а наградени ќе бидат сите учесници што ќе бидат во Топ-5 на крајот од втората сезона на Спортска прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести