Во 15.30 часот завршува терминот до кој може да се приклучите со свои прогнози во 17-тото коло од бесплатната Спортска прогноза на Sport Life и Спорт Манија.
Бундеслигашкиот натпревар меѓу Фрајбург и Хофенхајм ја отвора оваа рунда, а според 70 отсто прогнозери кои веќе типувале, домашните ќе победат на овој меч.
Покрај овој, денеска се играат уште четири натпревари од основната понуда. Ако се прашуваат прогнозерите, дуелот Алавес – Хетафе би требало да заврши нерешено или со победа на домашните. Иксот е најчеста прогноза и за Брест – Монпелје, а фаворит на прогнозерите е Ремс против Сент Етјен. За Атлетик Билбао – Севилја, помалку од една петтина се изјасниле за единица, а најголем број типувале на нерешено.
Доколку уште не сте ги одиграле натпреварите од ова коло, каде што и овој пат главната премија е Ајфон 12, а со ваучери од Sport Life се наградуваат и тие што инаат 11 или 12 погодоци, тоа можете да го сторите на копчето „Прогнозирај“ кое се наоѓа под овој текст.