Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Пау Гасол, на 38-годишна возраст реши да се ожени, а неговата избраничка е бизнисменката Кетрин Мекдонел, која е осум години помлада од Шпанецот. Гасол во НБА има два шампионски прстени, а сега на раката стави и трет прстен.
„Нема зборови со кои може да опишам колку сме среќни и возбудени. Таа ми кажа ДА. Среќен сум што се верив со ваква прекрасна жена и одвај чекам остатокот од животот да го поминеме заедно“, напиша Гасол и доби десетици илјади „лајкови“ на социјалните мрежи.
Гасол и Мекдонел се во врска од пролетта 2016 година. Тогаш објавија заеднички фотографии од мексиканското летувалиште Канкун.
Во минатото, Гасол го поврзуваа со Србинка, а потоа официјално со чирлидерката Силвија Лопес беше во врска од 2009 до 2014 година.