Временската прогноза ќе одлучи дали Клоп ќе остане во Ливерпул

Јирген Клоп дефинитивно е еден од клучните фактори што Ливерпул е европски првак, но и што е главен фаворит за титулата во Англија. Сепак, сè погласни се шпекулациите дека Клоп може да си замине од Ливерпул по завршување на договорот во 2022 година. Агентот на Клоп откри дека временските услови се меѓу главниот фактор за тоа дали германскиот стратег ќе го продолжи договорот.

„Договорот на Клоп е до 2022 година, а јавна тајна е дека челниците на клубот сакаат да го задржат и подолго. Мораме да видиме како климатските услови ќе се одразат на Англија. Лошото време многу го нервира Јирген и тој факт никако не смее да се занемари. Се сеќавам дека луѓето од клубот дојдоа лани во ноември или декември и му понудија нов договор, но им реков дека ќе мора да почекаат“, открива менаџерот на Клоп, Марк Косицке.

Кога е зимски период, Јирген и неговата сопруга речиси и да не се гледаат преку ден.

„Неговата сопруга Улма и тој заминуваат рано на работа, уште пред да се раздени, а повторно се среќаваат кога ќе се стемни. Лошо е кога многу врне или е тмурно времето. За време на зимската пауза во Германија, клубовите одат на подготовки во потоплите краеви на две недели“, додава менаџерот на Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести