До 15:30 часот може да ги дадете вашите прогнози за понудените мечеви од 12. коло на Спортска прогноза. Два меча од германската Бундеслига има за почеток на возбудувањата во ова коло, а денеска ќе се играат уште четири средби, од кои најатрактивен е тој од Премиер лигата меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед.
За утре ќе останат уште седум средби меѓу кои се и дерби дуелите меѓу Феенорд – ПСВ, Наполи – Интер и Барселона – Атлетико Мадрид.
Традиционално главната мисија за сите прогнозери во оваа бесплатна игра на Sport Life е да се погодат сите 13 фиксови, односно да се стигне до Среќна 13-ка.
– Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5)
– Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари.
– Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.