19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Врховниот суд во Франција одлучи: Клубовите кои ги прогласија за испаднати, мора да се вратат во Лига 1

Француската Лига 1 беше една од првите лиги во Европа која реши да стават крај на прекинатата сезона поради пандемијата од корона-вирусот. Фудбалската федерација на земјата и челниците на лигата одлучија дека Пари Сен Жермен е новиот шампион, а дека во Лигата на шампионите ќе играат уште и Олимпик Марсеј и Рен. Место во Лигата на Европа има за Лил, Ница и Рем.

Според договорот, од елитната лига испаднаа последнопласираните Тулуз и Амиен. На ваквата одлука за предвремен крај на првенството, жалби до Врховниот суд упатија токму екипите на испаднатите Тулуз и Амиен, како и тимот на Олимпик Лион, кој за првпат по повеќе од три децении нема да игра во европските купови.

Врховниот суд заседаваше и одлучи да ги прифати жалбите на Тулуз и Амиен, а да ја одбие жалбата на Лион, кој сакаше продолжување на првенството. Според последната одлука, Тулуз и Амиен не смеат да испаднат од елитата, па сега првите луѓе на Лига 1 ќе мора да ја прошират лигата за следната сезона затоа што веќе ги промовираа второлигашите Лориен и Ленс во членови на првата лига.

- Оглас -

Најнови вести