Алберто Џилардино денеска ќе го има дебито како тренер на Џенова против Судтирол, а рекорден број на светски шампиони се собраа во Серија Б во Италија.
Од генерацијата 2006 година што им ја донесе светската круна на Аѕурите на Мундијалот во Германија, дури пет фудбалери сега се тренери во Втората лига на Италија.
Покрај Џилардино, кој е најтазе пристигнат во Серија Б и е привремен тренер на Џенова, тука се и Фабио Канаваро како менаџер на Беневенто, Даниеле Де Роси во Спал, Филипо Инѕаги во Реџина, Фабио Гросо кој е тренер на Фросиноне и Џиџи Буфон, единствениот од таа генерација светски прваци што се уште брани и е на голот на Парма.
Италија на Светското првенство во 2006 година ја освои четвртата и последна светска круна со победа против Франција на пенали со 5:3 во финалето во Берлин.