Врисокот на албанскиот репрезентативец и страшната повреда (Видео)

Фудбалерите на Челзи кои немаа активност на Мундијалот во Катар одработуваат пријателски мечеви, а еден таков дуел беше синоќа против Астон вила во Обединетите Арапски Емирати. Астон вила победи со 1:0 благодарение на голот на Мекгин во седмата минута, но моментот по кој ќе се памти оваа средба е тешката повреда што ја заработи фудбалерот на Челзи Армандо Броја.

Албанскиот репрезентативец во 25 минута сакаше да одземе една топка на противникот, но лошо се удри и падна, а по неговата реакција, јасно беше дека станува збор за тешка повреда.

Лекарската екипа веднаш реагираше и Броја беше префрлен во болница. Се работи за повреда на коленото, а доколку биде констатирано дека има скинати лигаменти, тоа ќе биде краја на сезоната за Броја.

 

- Оглас -

Најнови вести