Врти сучи на Кајзерслаутерн му се повтори историјата – Пак му фалат 11 милиони евра

Кајзерслаутерн заврте еден циклус и сега повторно е во голема финансиска криза и повторно должи 11 милиони евра, па можно е да не добие лиценца за настап во Третата германска лига.

Ова се случува повторно кај популарните Црвени ѓаволи, кои пред неколку години благодарение на навивачите кои собраа околу 11 милиони евра се спасија од згаснување на клубот што има 4 титули во Германија и уште толку пати беше вицешампион.

Кајзерслаутерн има огромна база на навивачи во Германија, кои се многу лојални и најавија нова акција за спас на својот фудбалски миленик.

Лани за првпат клубот испадна во Третата лига, каде игра и оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести