22.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Вртоглава понуда доби Хамилтон за да остане во Мерцедес

Шпекулациите дека Луис Хамилтон би можел да го замени болидот на Мерцедес со оној на Ферари дефинитивно нема да се остварат. Актуелниот светски првак во Формула 1 доби вртоглава понуда од британскиот тим да остане и да продолжи со надоградбата на династијата.

Во Мерцедес го чека двегодишен договор според кој Хамилтон ќе заработи вкупно 100 милиони долари, или 50 милиони долари годишно вклучувајќи ги сите бонуси. На Британецот му истекува актуелната соработка по крајот на оваа година и многу веројатно ќе остане верен на организацијата со која соработува од 13-тата година.

Со Мерцедес Хамилтон освои шест светски титули, а во новата сезона ќе атакува на седма со цел да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.

https://twitter.com/Cadena3Motor/status/1218697222679867392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1218697222679867392&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FFormula-1%2Fa320988-Hamiltonu-novi-ugovor-i-100-miliona-za-dve-godine.html

- Оглас -

Најнови вести