Ливерпул ја зголеми понудата на напаѓачот на Ајнтрахт, Уго Екитике, и сега нуди дури 90 милиони евра, со што се очекува да падне договор со кој Французинот ќе им се приклучи на Црвените.
Англискиот првак летово постави премиерлигашки рекорд со плаќањето над 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Но, не се задоволуваат само со Вирц, бараат и висок централен напаѓач, а откако им пропадна идејата да го купат Александер Исак од Њукасл, се свртеа кон Екитике.
Екитике кој има 23 години, ги договори личните услови за шестгодишен дил со Ливерпул и сега чека клубовите да се договорат околу висината на отштетата. Тој во Ајнтрахт дојде лани од ПСЖ за само 16,5 милиони евра, и сега може да биде продаден 5-6 пати поскапо што е супер зделка за бундеслигашот. Екитике минатата сезона имаше 22 гола и 12 асистенции на 48 меча во сите натпреварувања.