Водителката на ТВ „Војводина“ е хит на социјалните мрежи со нејзиниот гаф при презентирањето на денешните вести. Дојде редот да се кажат спортските новини, па во обид да го пофали тимот на Војводина за пласманот во финалето од српскиот куп, прописно се избламира.
„Војводина на стадионот „Караѓорѓе“ пред еден милион гледачи славеше против Младост по изведувањето пенали со конечен резултат 5,4“, истакна спикерката.
Инаку, Војводина вчера го оствари финалето од српскиот Куп откако домашниот состав подобро ги изведе пеналите од тимот на Младост и славеше со 5-4 во пенал-серијата, при 0-0 во регуларните 90 минути.
На Карађорђу милион гледалаца а тек резултат после пенала 😂 pic.twitter.com/43zmnc1MuD
— Red Star Belgrade (@RSBForum) June 5, 2020