25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

ВТА ги притиска спонзорите за да ги спаси тенисерките

Асоцијацијата на професионалните тенисерки најави план во битка против Коронавирусот, а во фронтот против економските ефекти од кризата за да им помогне на дамите, ќе побара да има повисоки наградни фондови на турнирите.

„Ќе побараме од спонзорите на следните турнири што ќе се играат да го зголемат наградниот фонд за да им помогнеме на тенисерките. Знаеме дека е тешко, но ова не е притисок кон спонзорите, туку сметаме дека е само добар план како да се надмине кризата. Ќе се обидеме и да ја продолжиме сезоната со повеќе турнири, односно да ги надополниме деновите и месеците во кои не се игра тенис поради Коронавирусот“, велат од ВТА.

Тенисерките, како и останатите спортисти, секако трпат големи финансиски загуби бидејќи плаќаат и тренери, па и цели стручни штабови, а во моментов не играат и не заработуваат од настапи на тениските турнири.

 

- Оглас -

Најнови вести