Втор чин од вечното кошаркарско дерби во Евролигата (Фото)

Евролигашката кошаркарска понуда вечерва на програмата има четири натпревари, а во фокусот е вечното дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан.

Ова е само едно од трите градски дербија во Евролигата (атинско и истанбулско дерби), но за нивните навивачи е повеќе од градско дерби и тоа најдобро покажува дека на неколку часа пред мечот, билетите на црно се продаваат дури за 170 евра.

Вечерва „Штарк арената“ ќе биде обвиена во црвено и бело бидејќи гостинските навивачи се суспендирани од Евролигата. Првата пресметка сезонава заврши со победа на Партизан (98:87), но овојпат улогата на фаворит ја има Црвена ѕвезда. Црвено-белите во минатото коло ја забележаа првата победа на гости против Фенербахче (дуелот со Макаби се играше во Белград), со што се вратија во игра за позициите кои носат во плејофот.

И на останатите мечеви, според квотите во Sport Life, фаворити се домаќините.
Фенербахче на неутрален терен во Литванија ќе го пречека Макаби Тел Авив, Олимпијакос ќе игра против Монако, а Асвел му е домаќин на Жалгирис.

Во богатата понуда на Sport Life има и 50-мина кошаркари за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, а има и 20-мина кошаркари за погодување на бројот на скокови и 17-мина за асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести