Втор ден ОИ: Кинезите лидери во медали

По вториот ден од спортските активности на Олимписките игри во Токио, Кина останува на врвот на табелата во вкупниот број освоени медали.

Кинезите бројат 11 медали, од кои шест се златни, едно сребро и четири бронзи. По нив следуваат Американците со вкупно 10 медали – по четири злата и бронзи и две сребра.

Претставниците на рускиот олимписки комитет се трети со седум освоени медали, од кои четири се сребрени, два бронзени и еден златен медал. Јапонците од вкупно шест освоени медали, имаат дури пет златни, а еден медал е сребрен.

- Оглас -

Најнови вести