Втор ден тече типувањето за новото коло на Спортска прогноза, прогнозерите со „римска дилема“

Новото, 14-то коло сезонава на Спортска прогноза нуди 13 мечеви од клупски натпревари од најсилните лиги во Европа. Типувањето почна вчера, а трае до сабота во 16 часот, за кога е закажан почетокот на првиот меч во основната понуда.

Се очекува првиот добитник на премијата, „ајфон 12“, а според досегашните проценти на типови, прогнозерите се најподелени околу исходот на италијанското дерби помеѓу Лацио и Јувентус. Речиси 42 отсто мислат дека Јуве ќе триумфира на „Олимпико“, 23 отсто типувале кец на Лацио, а останатите 34,7 проценти мислат дека ќе биде нерешено.

На менито на популарната Тринаесетка има и други исклучително интересни натпревари, како на пример: Ливерпул против Арсенал, Интер со Наполи или Лион против Марсеј, па предизвикот е голем. Се наградуваат и тие прогнозери со 11 и 12 погодоци. Нив им следуваат ваучери од Sport Life.

Играта е бесплатна, потребна е само СЛ картичка, која лесно и бесплатно можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life и да играте за вредни награди што се доделуваат во секое коло и на крајот на сезоната и за најдобрите петмина прогнозери во четвртиот циклус на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести