Втор гол на Ристовски во последните три средби – Ја спаси Спартак Трнава од пораз

Милан Ристовски погоди за екипата на Спартак Трнава во мечот против Дунајска Стреда од плејофот на Словачкиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец даде гол во 94-та минута со што му обезбеди реми од 1:1 на неговиот тим кој полека но, сигурно заостанува во трката за титулата.

За Спартак ова е четвртто реми на последните пет средби, каде што имаат и еден пораз а со тоа се на 46 бодови. Додека напред со 57 е Слован Братислава. Сепак, тоа што радува е формата на Милан која што е во нагорна линија, и ова е втор негов гол на последните три одиграни натпревари, односно осми во сезоната.

Тој е во добра форма пред баражот за СП против Италија и ќе биде од голема помош за селекторот Благоја Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести