Барселона се намачи, но на крајот победи на гости кај петтолигашот Барбастро со 3:2 во Купот на Шпанија. Барселона играше речиси со најдобриот тим, но прими два гола од петтолигашот и малку фалеше да има изненадување.
Од клупата за резерви во второто полувреме кај Барселона влезе и Витор Роке, талентираниот 18-годишен Бразилец кој пред 10-тина дена дојде во каталонскиот тим. За Роке ова е втор меч, откако дебитираше во првенството кај Лас Палмас. На таа средба Роке имаше можност да дебитира со погодок, но не успеа да реализира од чиста позиција од само неколку метри.
Синоќа на гостувањето кај петтолигашот, Роке повторно можеше да даде гол, но повторно не погоди иако излезе сам пред голманот. Едноставно првите два меча за овој млад бразилски фудбалер не се за памтење и ќе чека нова шанса за дебитантски погодок во дресот на Барселона.
Vitor Roque vs Barbastro pic.twitter.com/MiPK23Gzud
— Jarol Daniel (@jaroldaniel10_2) January 7, 2024