Втор меч од финалето: МЗТ по двојна предност, Пелистер по брејк во Скопје (Фото)

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Пелистер вечерва ќе го одиграат и вториот натпревар од финалната серија од првенството на Македонија. Актуелниот шампион веќе има предност од 1-0 откако го доби првиот натпревар со 82-77, па доколку успее и денес да го одбрани домашниот терен, ќе дојде само на една победа од нова шампионска титула.

Предизвикувачот Пелистер во третото финале за нив ќе се обиде да дојде до брејк и шанса на следните два домашни натпревари да му ја „краде“ титулата на МЗТ. Сепак, според квотите во Sport Life, домашните се фаворити за победата и вечерва со квота од 1.44, додека брејк на Пелистер има квота од 2.90.

Вечерва ќе се одигра и вториот натпревар од разигрувањето за третата позиција во првенството. Работнички има предност од 1-0 во серијата подобар од три откако на првиот натпревар го победи ТФТ со 85-74. И на вториот натпревар фаворит е екипата од Градски парк со квота од 1.47, додека победата на ТФТ носи квота од 2.80.

- Оглас -

Најнови вести