Управата на Ал-Хилал не се откажува од идејата да го убеди актуелниот менаџер на Фулам, Марко Силва, да ја прифати понудата на саудискиот тим.
Силва веќе ја одби првата понуда, но според Си-ен-ен Португалија, претставниците на Ал-Хилал, се враќаат со нова финансиски далеку подобра понуда за тренерот.
https://twitter.com/ClinicalBruno39/status/1675125189909028864?s=20
Втората понуда доаѓа веднаш откако Силва го смени менаџерот и сега за неговата кариера се грижи Киа Џорабчијан.
Преговорите со Фулам нема да бидат проблем за Ал-Хилал бидејќи во договорот на Португалецот со премиерлигашот има откупна клаузула која изнесува само шест милиони евра.