Бохум со 2:1 славеше над Фрајбург, а голот за победа го постигна Милош Пантовиќ во 82 минута. Српскиот напаѓач го искористи излегувањето на пртивничкиот голман и речиси од половина терен, шутираше високо и погоди директно во голот.
Токму тој погодок беше доволен за побед на Бохум против фаворизираниот Фрајбург.
За Пантовиќ ова не е прв пат да погоди од толку голема далечина. Пред само 20-тина дена, Србинот даде сличен гол и тоа од уште поголема далечина во победата од 2:0 против Хофенхајм.