Оние кои се многу суеверни сметаат дека петок 13-ти е ден кога треба да се прескокне, затоа што не носи многу среќа. Сепак, со Типстерските совети на СпортМанија, се покажа дека тоа не важи, па денешните понудени комбинации за петте меча беа перфектно погодени, а вкупната квота која е погодена е 41.42. Интересно е дека ова е втор пат перфектно погодени типстерски совети во последните пет дена.
Галатасарај на свој терен убедливо со 5:1 славеше над Ејупспор, а турскиот гигант на полувреме водеше со 2:0, па погодена е комбинацијата за „кец во кец“ и дека ќе има 4+ погодоци што носеше квота од 2.18.
Во англискиот ФА Куп, Челзи со 4:0 на гости го победи Хал, а фавориот на полувреме водеше со 1:0, што беше доволно да се погоди дека гостите ќе победат и дека во двете полувремиња ќе има барем по еден погодок, што се вреднуваше со коефициент од 1.70.
Милан со 2:1 победи на гости кај Пиза, а погодено беше дека Росонерите нема да загубат во дуел на кој во двете полувремиња ќе има меѓу еден и три погодоци. Погодената квота е 2.30.
Борусија Дортмунд убедливо со 4:0 го победи Мајнц, а Милионерите уште по првите 45 минути водеа со 3:0, па лесно беше погодена квотата од 2.25 за „кец“ и 3+.
Во првенството на Саудиска Арабија Ал-Итихад со 2:1 славеше над Ал-Феиха. На полувремето домаќините водеа со 1:0, а во вториот дел двата тима постигнаа по еден погодок за конечен резултат од 2:1 и погодена квота од 2.16.

