23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Вторпат за шест дена ги погодивме петте предлози во Типстерските совети!

Почнуваме да влегуваме во прогнозерска форма, по вторпат во последните шест дена, во Типстерските совети кои секој ден ви ги предлагаме на Спорт Манија, ги погодивме сите пет предлози.

Има обложувачи кои веруваат во советите и ги уплаќаат овие мечеви на своите тикети, па тие што уплатиле тикети со овие пет средби за кои дадовме мини-анализи и типови вчера, сега се добитни.

Ги погодивме сите пет меча од вчерашните типстерски совети, со вкупна квота од 23.5. Сите квоти беа од 1.72 до 2.09.

Најголема мака приреди Интер, а изгледаше дека прогнозата Х2 и 2-4 гола за гостувањето на Интер кај Торино е една од најлесно остварливите меѓу петте предлози. Интер во 93-тата минута се спаси од пораз, извлече 1-1 и овој тикет го направи добитен.

За Гројтер Фирт – Лајпциг, предлогот беше „два во два“ и тука немаше дилеми откако гостите по првото полувреме имаа предност од 4-1, иако Гројтер поведе со 1-0.

Феенорд требаше да победи кај Цволе во меч со 3+ голови, а по првото полувреме домашните водеа со 1-0. Сепак, тимот од Ротердам со два гола во вториот дел направи пресврт и победи со 2-1, па и тој предлог беше погоден.

Стрелците на Вест хем и Астон вила спиеја до 70-тата минута, а ни требаше двата тима да дадат барем по еден гол и Вест хем да не загуби. Кога Чеканите поведоа со 2-0 во 82-рата минута, се чекаше само гол на Вила. Гостите во 90-тата минута го дадоа почесниот гол.

Прогнозата за Удинезе – Рома беше дека нема да паднат повеќе од два гола и навистина се случи тоа, средбата заврши 1-1, и тоа Волчицата погоди во 94-тата минута, а и без тој гол прогнозата беше точна.

Денеска очекувајте нова тура совети поткрепени со мини-анализи.

- Оглас -

Најнови вести