11.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Втор пораз за Македонија: Едно добро полувреме не беше доволно за прва победа во квалификациите

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2026, откако загуби во Битола од селекцијата на Словенија со 20-28.

Првото полувреме мина во израмнета игра, а најчесто на семафорот беше нерешено. Македонија пет ипол минути не успеваше да го пронајде патот до противничката мрежа, а потоа од 3-3, па се до 9-9, се играше гол за гол. Сепак, на паузата гостинките заминаа со предност од 11-12.

Ако првото полувреме беше добро, тогаш второто беше сосема спротивно, односно лошо. Македонија немаше идеја, но успеваше да се држи на пристојна негатива се до 44-тата минута, а тогаш гостинките со серија од 8-0 дојдоа и до двоцифрена предност и го решија прашањето околу победникот на овој меч.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од шестте квалификациски групи, плус четирите најдобри третопласирани и тука ќе ја бараме нашата шанса за трето учество по ред на континенталните собири.

- Оглас -

Најнови вести