Втор случај на Коронавирус во Јувентус – Матуиди е во самоизолација од 11 март

Блез Матуиди има Коронавирус и од 11 март, односно шести ден е во самоизолација, потврдија од Јувентус. Ова е втор случај кај актуелниот италијански шампион, по Даниеле Ругани, кој исто така има Коронавирус.

Италија е најпогодената земја со опасната епидемија и се наоѓа подолг период во Црвената зона, а речиси сите фудбалски активности во земјата на четирикратниот светски првак се прекинати.

Екипите, со мали исклучоци, воопшто и не тренираат, а играчите со во домашен карантин. По случајот со Ругани, се шпекулираше дека и Пауло Дибала е позитивен на тестот за Коронавирус, но тоа се покажа како неточно.

 

- Оглас -

Најнови вести