Втора вечерна италијанска сеанса како по ноти – Победија Рома, Интер и Лацио

Рома, Интер и Лацио забележаа очекувани победи во последните три меча вечерва од десеттото коло во Серија А. По сензационалниот пораз на Јувентус против Сасуоло од 1:2, потоа беше мирно во Калчото и со три очекувани исходи и триумфи на фаворитите.

Рома го победи Калјари со 2:1 со пресврт и три гола во второто полувреме и се врати на четвртото место на табелата со 19 бода. Паволети најави изненадување во Сардинија со гол во 52-рата минута, но Волчицата направи пресврт со два брзи гола на Ибањез во 71-вата минута и на Пелегрини седум минути подоцна.

Интер рутински го победи Емполи на гости со головите на Дамброзио и на Димарко и повторно е трет со 21 бод, зад Милан со 28 и Наполи со 25, но и меч помалку.

Лацио со голот на Педро во второто полувреме беше подобар и ја победи Фиорентина со 1:0.

Претходно Јувентус загуби со 1:2 од Сасуоло, Удинезе и Верона ремизираа 1:1, а Аталанта ја победи Сампдорија со 3:1 на гости.

 

 

- Оглас -

Најнови вести