Лидерот Македонија ЃП го задржа првото место на табелата во Втората фудбалска лига, откако ремизираше без голови (0-0) против Арсими на дербито во Гостивар. Башкими во финишот успеа да стигне до триумф од 3-2 против Детонит Плачковица, па последното првенствено коло ќе решава за патниците во елитата.
Многу голем ефект ќе има и одлуката на ФФМ како ќе се регистрира спорниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими (1-2), кој е под сомнение за нерегуларности и засега остана нерегистриран.
Брегалница во последен миг успеа да слави на гостувањето кај ГФК Охрид со 0-1. Беласица успеа да го совлада Борец на домашен терен со минимални 1-0, додека Новаци дојде до убедлива победа над Скопје со 4-0 и освои значајни три бода.
Вардар Неготино исто така запиша три бода против веќе испаднатиот Вардарски со сигурни 3-0. Кожуф беше подобар од Победа и триумфираше со 2-1. Дербито на Истокот меѓу Каменица Саса и Осогово заврши со победа на домаќинот од 1-0.