Втора лига: Македонија ЃП и Брегалница кикснаа, Кожуф е сега на врвот

Македонија ЃП и Брегалница важеа за фаворити, но не успеаја тоа резултатски да го оправдаат на денешните натпревари од петтото коло во Втората фудбалска лига.


Македонија ЃП одигра 1-1 против Саса на домашен терен.

Алексеј Славков донесе предност за „лавовите“, но Таневски со гол во 55. минута од натпреварот успеа да освои бод за гостите од Македонска Каменица.

Брегалница одигра 1-1 против Осогово во Штип. Иван Галевски погоди за штипјани, но Марио Симоски со погодок пред крајот им донесе реми и еден бод.

Аресими го победи Новаци со 1-0 со голот на Шефит Шефити и се приклучи кон врвот.

Кожуф оствари важна победа над Вардар Неготино (3-2) и сега ја презеде лидерската позиција. Грозданоски, Најденов и Гугуљанов беа стрелци за тимот од Гевгелија, а Тодоров и Павлески погодија за Вардар Неготино.

Беласица и Победа ремизираа 1-1.

Башкими триумфираше против Охрид со 1-0, со голот на Арљинд Хасани во 92. минута.

Детонит Плачковица славеше против Скопје со 1-0, со голот на Стефан Бабунски.

Борец го победи Вардарски со 3-1, промената на тренерската позиција даде резултат. Османи, Петров и Манасиев беа стрелци за велешани.

Standings provided by Sofascore
- Оглас -

Најнови вести