Втора лига: Водечките екипи со нови победи

До крајот на сезоната се очекува жестока и неизвесна трка за врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига, како и за позицијата која носи пласман во елитното друштво следната сезона.

Екипите што се наоѓаат во самиот врв – Брегалница, Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Беласица – и по одиграното 20. коло останаа блиску една до друга на табелата, откако сите забележаа нови победи.

Охрид дојде до три бода на гостувањето кај Кожуф, славејќи со минимални 0-1, додека Шкендија Арачиново со ист резултат го совлада Детонит Плачковица на домашен терен.

Брегалница беше сигурна против Каменица Саса и победи со 3-1, а Скопје очекувано доминираше на гостувањето кај Победа, триумфирајќи убедливо со 0-5. Беласица, пак, пред својата публика забележа победа од 2-0 против Слога Виница.

Во останатите натпревари од колото, Тетекс го совлада Новаци со 2-1, а Вардар Неготино со истиот резултат беше подобар од Преспа.

ВТОРА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – 20. коло

Беласица – Слога Виница 2-0
Брегалница – Каменица Саса 3-1
Кожуф – Охрид 0-1
Победа – Скопје 0-5
Шкендија Арачиново – Детонит Плачковица 1-0
Тетекс – Новаци 2-1
Вардар Неготино – Преспа 2-1

- Оглас -

Најнови вести