Карим Бензема освои 549 поени во гласањето за Златната топка, а од 93-ца новинари од 93 различни земји кои учествувале во гласањето, само четворица не го сместиле Французинот на прво место.
Бензема не бил најдобар на светот за оваа година за новинари од Сенегал, Египет, Словенија и Холандија. Интересно е што Сенегалец е Садио Мане, а Египќанец Мохамед Салах, двајца противкандидати на Бензема за признанието.
Победата на капитенот на Реал Мадрид е втора најубедлива во историјата на Златната топка. Поголема разлика во поени од првиот и вториот имало само во 2016 година, кога победи Кристијано Роналдо. Роналдо годинава не добил ниту еден поен.