28.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Втора победа за Македонија до 15 години против Косово

Македонската репрезентација до 15 години славеше и на вториот контролен натпревар против Косово.

По победата во Приштина од 1:0, денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, селекцијата предводена од Горан Станковски славеше со убедливи 4:1.

Веќе во десеттата минута, Алиу по центаршут на Христов погоди за наше водство. До полувремето не искористивме неколку добри прилики преку Петков, Незири и Рожајац за удвојување на предноста.

Косово само по две минути од второто полувреме го израмни резултатот на 1:1. Стрелец на голот беше Авдиметај. Предноста ја вративме во 55-тата минута со гол од пенал на Алиу. Аврамоски во 68-мата минута донесе 3:1 по асистенција на Трајков, а конечниот резултат го постигна Јанчевски по уште едно додавање на Трајков.

Македонија до 15 години: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини, 4. Давор Таневски, 5. Дин Рожајац (К), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски, 8. Васко Трајков (66’ Фисник Амити), 9. Јован Јанчевски (41’ Дин Баталоски), 10. Борис Матески (66’ Ариан Исаку), 11. Дијар Алиу (53’ Енез Ферати); Селектор: Горан Станковски.

- Оглас -

Најнови вести