24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Втора победа за Македонија во контролите со Швајцарија

Македонскиот кошаркарски национален тим ја совлада Швајцарија во тренинг меч во Гевгелија игран без публика кој траеше нешто помалку од 34 минути, бидејќи така се договорија селекторите на двата тима.

Денеска Македонија тргна со поинаква почетна петорка од вчера, стартери беа Магдевски, Лука Стојановски, Мекиќ, Вајли и Симиќ.

Првата четвртина им припадна на гостите со 20-18. Двајцата селектори доста менуваа и испробуваа разни варијанти. За разлика од вчера, денеска Швајцарците го контролираа водството и во втората четвртина и не дозволија Македонија да направи пресврт како на првата контрола, па на пауза се замина со 42-40 за гостите.

Црвено-жолтите заиграа поцврсто во одбраната, беа подобри во третиот период кога го свртеа резултатот во своја полза и во последната четвртина се влезе со предност на нашите кошаркари од 58-52.

Продолживме да играме добро, поведовме и со 65-52, резултат со кој средбата заврши.

- Оглас -

Најнови вести