Втора победа за Македонија во Златната одбојкарска лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија во салата „Парк“ во Струмица убедливо ја надигра Црна Гора со 3-0 (по сетови 25-20, 25-21, 25-13) и дојде до втората победа во Златната европска лига за мажи.

Во шесте меча во оваа конкуренција, Спартанците имаа две победи и четири порази, со што изборија опстанок. Послаби од нас беа Хрватска, Летонија и Црна Гора.

Следен предизвик за тимот на селекторот Јошко Миленкоски се квалификациите за Европското првенство, кога во август ќе играме со Грција и Грузија.

- Оглас -

Најнови вести