Втора рунда – Реал Мадрид му понуди 170 милиони евра на ПСЖ за Мбапе, плус десет во бонуси

Реал Мадрид ја почна втората рунда во „дуелот“ со Пари Сен Жермен за Килијан Мбапе, а понудата за ангажман на 22-годишниот напаѓач е вредна 170 милиони евра, плус уште десет во бонуси.

Првиот обид на Кралевите да го купат извонредниот офанзивец за 160 милиони евра беше веднаш одбиена од ПСЖ. Имаше и интересни препукувања со порака на парижаните Реал да даде 200 милиони евра или да си игра со голферот во нападот, што е асоцијација за Герет Бејл.

Потоа излезе информација дека ПСЖ бара неверојатни 220 милиони евра за да го ослободи Мбапе, а Реал, сепак, понуди 170 милиони и уште десет за бонуси.

https://twitter.com/MarioCortegana/status/1430953975973613573?s=20

Мбапе сака да го напушти ПСЖ и да игра за Реал и не го крие тоа, а сега останува да се види одговорот од раководството на ПСЖ по новиот обид на Кралевите во втора рунда да го добијат Килијан.

 

- Оглас -

Најнови вести