Жалгирис победи во Белград против Црвена ѕвезда со 93-89, со што ги оддалечи Црвено-белите од битка за места кои водат во разигрувањето за титула во кошаркарската Евролига. Помалку победи од Ѕвезда сезонава имаат само Алба Берлин и Асвел Вилербан.
Зелената шума од Литванија има една победа повеќе од Ѕвезда, а вторпат сезонава славеше над белградските Црвено-бели кои вечерва беа ослабени со неиграњето на Милош Теодосиќ и Бранко Лазиќ, а го немаше и новото засилување Треј Томпкинс.
Вечерва се испиша и нова страница во историјата на Евролигата. Грчкиот плејмејкер Ник Калатис кој во моментов игра за Фенербахче, стана првиот кошаркар со 2.000 асистенции во Евролигата.