Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја изврши ждрепката и за првото коло во Втората лига, по што ќе биде направен и комплетниот распоред. Како што е познато, Беса се откажа од натпреварувањето во второлигашката конкуренција, а тоа место треба да му припадне на тимот на Преспа, кој се нафати на предизвикот.
Уште во првото коло во Втората лига ќе има дерби-натпревари во Охрид, Штип и Новаци. Стартот е закажан за 23 август.
Двојки Втора лига – прво коло:
Вардар Неготино – Тетекс
Брегалница – Кожув
Новаци – Победа
Каменица Саса – Осогово
Охрид – Беласица
Скопје – Слога Виница
Големо Коњари – Детонит Плачковица
Шкендија Арачино – Беса (односно Преспа)
