Вториот светски тенисер Карлос Алкарас денес и официјално објави дека сезоната за него започнува на Отворено првенство на Австралија и дека нема да настапува на турнирите на најдалечниот континент кои се играат пред гленслемот.
Турнирот во Мелбурн се игра од 15 до 28 јануари, по што за Шпанецот ќе следува двонеделна пауза и преселба во Јужна Америка на турнирите во Буенос Аирес и Рио де Жанеиро. Потоа ќе учествува и на двата турнири во САД, во Индијан Велс и Мајами, а планот е Алкарас да учествува и на Олимписките игри во Париз.
Сепак, претходно, на 27 месецов Карлос Алкарас ќе одигра ревијален натпревар против Новак Ѓоковиќ во Ријад, Саудиска Арабија.