Второ исклучување годинава за Стефан Ристовски, нема да игра со Бенфика

Спортинг Лисабон славеше со 3-1 на гостувањето кај Шавес во португалската лига, а македонскиот десен бек Стефан Ристовски, во соблекувална замина во 88 минута, откако доби црвен картон за еден старт кој судијата го окарактеризира како неспортски и за директно исклучување. Пред тоа, тој асистираше при првиот гол.

Од Спортинг се бунеа бидејќи Стефан истовремено ги удри и топката и ногата на противникот, но судијата ја потврди одлуката по консултацијата со ВАР системот. Ова е втор црвен картон во 2019 година за Ристовски. Тој нема да игра во следното коло во градското дерби со Бенфика на 3 април.

Спортинг се изедначи со Брага на делба на третото место.

- Оглас -

Најнови вести