Второто коло на Спортска прогноза е во тек за прогнозирање и можете да се приклучите и денеска, а најдоцна до утре до 15.30 часот, кога почнуваат првите натпревари од популарната Тринаесетка.
Стартот не им се погоди на прогнозерите, а ги има многу, па бројната армија на учесници во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life веќе има нова шанса за убави добивки и подароци.
Од оваа сезона, петта по ред има и новитет и за погодени 13 натпревари можете сами да си ја одберете наградата од трите понудени, а тоа се:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет и X Box Series X.
Задачата за прогнозерите е полесна бидејќи сите 13 натпревари и плус двата резервни пара се од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за играчите.
Два од нив особено привлекуваат внимание, а засега прогнозерите што веќе типуваа ги фаворизираат Јувентус против Рома и Наполи на гостувањето кај Фиорентина.
Ако имате добра стратегија и знаење, приклучете се и вие на бројната армија на прогнозери бидејќи никогаш не е доцна за да се добие убава награда во игра што е бесплатна и многу забавна.