Македонските второлигаши го кренаа гласот и најавија дури и бојкот на првенството доколку не се одложи Изборното собрание на ФФМ закажано за 14 март.
Во барањето е наведено дека најпрво треба да се усогласи Статутот на ФФМ со законите во Македонија, односно со Законот за спорт, па дури потоа со прочистен список на легални делегати да се продолжи трката за избор на претседател на најбогатата спортска федерација кај нас.
Претходно и Горан Пандев упати апел за промени, а сè поголем е отпорот кон избрзано Изборно собрание без да се усогласи Статутот на ФФМ во законски рамки.