Второлигашки спектакл е во фокусот – Дерби на екипи што заедно имаат ист број на титули како сите прволигаши

Вардар против Силекс е дербито во Македонија и меч што не се пропушта викендов, а ќе се игра денеска од 13 часот на комплексот „Петар Милошевски“ во Аеродром.

Двете екипи заедно имаат 15 шампионски круни, или еднакво на сите прволигашки екипи што моменто играат во највисокиот ранг на натпревари кај нас.

Вардар со 11+1 титула, односно 11 освоени во независна Македонија и едната од Екс-Југославија, која е единствена на наш тим во поранешната држава е убедливо најтрофеен клуб и бие битка за кам-бек во елитата.

Силекс има три титули, а моментно е лидер во Втората лига Запад со 28 бода, пред Воска со 21 и Вардар со 20.

Во останатите натпревари Кораб и е домаќин на Воска, Тетекс на Беса, Охрид на Кадино и Гостивар ја чека Велешта на свој терен, а сите натпревари се играат од 13 часот.

Во Втората лига Исток во истиот термин ќе почнат натпреварите меѓу Беласица и Братство, Детонит против Кит Го, Локомотива со Каменица Саса, Осогово против Слога Виница и Победа Прилеп со Кожув.

 

- Оглас -

Најнови вести