Екипата на Мидлсбро се пласира во четвртфиналето на ФА купот откако на свој терен, минимално со 1:0 го победија Тотенхем, и тоа во меч кој траеше 120 минути. За второлигашот ова е второ изненадување во најстарото натпреварување во светот сезонава. Во претходното коло, Мидлсбро го елиминира Манчестер јунајтед, и тоа на „Олд Трафорд“ по подобро изведување на пенали.
Херој на домашниот тим беше 19-годишниот тинејџер Џошуа Кобурн, кој во игра влезе во 96-тата минута, а даде гол само по 11 минути откако влезе на теренот. Токму тој погодок се покажа како решавачки за Тотенхем да биде елиминиран од ФА купот.